16.02.2017

Македонската кошаркарска федерација ќе врши пренос од Куп-натпреварите

Натпреварите од ЛИМАК Купот на РМ во живо на сајтот на МКФ

Македонската кошаркарска федерација ќе врши пренос во живо (livestream) на натпреварите од завршниот турнир на ЛИМАК Купот на Република Македонија.

Натпреварот помеѓу Работнички и Куманово, кој е на распоредот утре (17. февруари, четврток) како и натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Кожув ќе бидат емитувани на првиот програмски сервис на националната телевизија (МРТ) додека преостанатите натпревари од четвртфиналните разигрувања сите заинтересирани кои нема да бидат во салата „Јасмин“ ќе можат да ги проследат преку преносот на МКФ.

Вториот ден, натпреварите кои ќе ги одиграат дамите во рамки на полуфиналето од Купот ќе бидат пренесувани на livestream-от на МКФ додека полуфиналните натпревари во машката конкуренција ќе бидат пренесувани на МРТ.

Двата финални натпревари, закажани за в недела (16.00ч. - женска конкуренција и 19.00ч. машка конкуренција), ќе бидат пренесувани на првиот програмски сервис на националната телевизија.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
Четвртфинале - 17.02.2017 (петок)
13:00ч. Карпош соколи - Вардар
15:30ч. Фени индустри - АВ Охрид
18:00ч. Работнички - Куманово
20.30ч. МЗТ Скопје - Кожув

Полуфинале - 18.02.2017 (сабота)
13:00ч. Бадел 1862 - МНА Кожувчанка
15:30ч. Вардар - Пелистер
18:00ч. Победник Работнички/Куманово - Победник Карпош соколи/Вардар
20.30ч. Победник Фени индустри/АВ Охрид - Победник МЗТ Скопје/Кожув

Финале - 19.02.2017 (недела)
16.00ч. Финален натпревар женска конкуренција
19.00ч. Финален натпревар машка конкуренција

Преносот ќе се врши на официјалната страница на федерацијата преку следниот линк.