23.05.2019

М15: Партизан Мулти Шпед организатор на завршниот турнир

Четири клуба од нашата престолнина претстојниот викенд ќе се надигруваат на завршниот турнир за кошаркари до 15 години - Партизан Мулти Шпед, Феникс 2010, Вардар и Академија ФМП.  Прворангираниот тим во регуларниот тек на сезоната, Партизан Мулти Шпед (2) ќе биде организатор на овој завршен турнир, кој ќе се одигра во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.

Распоред на натпревари:
сала Јане Сандански (мала), Скопје
25.05.2019 (сабота)
Натпревар 1
12:30h  Вардар –Академија ФМП
Натпревар 2
15:00h  Партизан Мулти Шпед (2) – Феникс 2010

26.05.2019 (недела)
11:30h натпревар за трето место; Поразен 1 – Поразен 2
14:00h финале; Победник 1 – Победник 2