23.05.2019

М14: Девојките ќе го одлучат шампионот во Крива Паланка

Клубовите кои пријавија учество на свои кошаркарки до 14 години оваа натпреварувачка сезона (2018/2019) разигруваа по турнирски систем. Учесниците беа поделени во две групи, 1 и 2, кои разигруваа меѓусебе на вкупно пет турнири по група. Првите две рангирани тимови се здобија со право за учество на завршниот турнир кој за оваа натпреварувачка сезона (2018/2019) ќе се одржи во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка.

Клубовите се договорија да завршниот турнир биде одигран во еден ден – сабота, 25. мај 2019 година.

Распоред на натпревари
Натпревар 1
10:30 часот Крива Паланка – Трокал
Натпревар 2
12:30 часот  Бадел 1862 – Патриот 2016

15:00 часот / натпревар за трето место, Поразен Натпревар 1 – Поразен Натпревар 2

17:00 часот / финале, Победник Натпревар 1 – Победник Натпревар 2