27.05.2019

Ѓорѓи Чековски – Играч на Плејоф Полуфинале 1!

Ѓорѓи Чековски од таборот на Работнички е најкорисниот играч во првото коло од полуфиналната серија од Плејофот. Поранешниот репрезентативен центар го предводеше својот тим до победа над Блокотехна со 87-79 и поведување со 1-0 во полуфиналната серија. Чековски запиша 25 поена, три скока и една асистенција за вкупен индекс на поени за ефикасност 25 за 20 минути поминати на теренот за игра.

Во вториот дуел од ова прво коло, МЗТ Скопје Аеродром го нагости тимот од Гостивар и го испрати дома со пораз од 87-68.

Вторите натпревари од оваа полуфинална плејоф серија ќе се одиграат претстојниот вторник (28. мај, 2019 година).

Полуфинале Плејоф 2. коло распоред 

Блокотехна – Работнички
28.05.2019
Почеток 20:15
Пренос МРТ

Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром
28.05.2019
Почеток 18:00