Успешната премиерна 3х3 лига во нашата Република одржана ланската календарска година не помина незабележана од структурите во ФИБА одговорни за овој дел од кошарката. Па така, здружението „3x3Macedonia“ сезоната предвидена за лето 2019 ја отвора со силен меѓународен Satellite турнир, поддржан од ФИБА (Endorsed)!

Единаесет дена од денес, на осми односно деветти јуни, на катната гаража во трговскиот центар „Skopje City Mall“ ќе се одржи првиот турнир предвиден за сениорска конкуренција за оваа сезона.

Шеснаесет екипи во машка конкуренција ќе се надигруваат на Satellite турнирот додека во исто време ќе биде организиран и FIBA Endorsed турнир во женска конкуренција.

Победничката екипа на турнирот ќе добие слот за Poitiers Challenger закажан за 5-6. јули.

Сите баскетџии, и оние кои сметаат дека треба да бидат познати најдобрите баскетџии ширум републиката можат да се пријават на info@3x3macedonia.mk.

Повеќе информации - ТУКА

Линк до play.fiba настан - ТУКА 

Линк до play.fiba Poitiers Challenger - ТУКА