Академија ФМП и Шкупи денеска ќе го одиграат првиот натпревар од два предвидени во баражот кој ќе го одлучи последниот учесник во Првата лига мажи за сезона 2019/2020

Шкупи заврши на последното место на табелата во Првата лига мажи за тековната натпреварувачка сезона додека Академија ФМП загуби во финалето од плејофот во Втората лига (победникот директно се пласира во Прва лига за идната сезона).

Апетитите на домаќините на овој натпревар пораснаа со успесите во Втората лига. Од клубот велат дека не сакаат да застанат овде туку да продолжат со својата работа во повисок ранг на натпреварување.

Амбициите на Шкупи се Прва лига. Избраниците на искусниот Енвер Мифтари со сите сили на теренот се борат да останат во елитната конкуренција.

Подобриот од двата натпревара ќе добие право на учество во Прва лига мажи за 2019/2020.

Двата клуба ќе имаат две шанси за пласман во Првата лига, а првиот е закажан вечерва со почеток во 20:30 во спортската сала „Независна Македонија“.

Линк до статистика во живо – тука.