Дваесет натпреварувачки кола од тековната натпреварувачка сезона ’преживеаја’ младите кошаркари на Феникс 2010, Вардар, МЗТ Скопје Аеродром и на Работнички кои ќе се надигруваат на завршниот турнир.

Кошаркарската федерација на Северна Македонија ќе биде организатор на овој ’фајнал-фор’ турнир, кој ќе се одигра во малата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“. 

Распоред на натпревари
1. јуни 2019
Натпревар 1
Вардар - МЗТ Скопје Аеродром
Почеток 13:30

Натпревар 2
Феникс 2010 - Работнички
Почеток 16:00

 

2. јуни 2019
Натпревар за трето место
Поразен Натпревар 1 - Поразен Натпревар 2
Почеток 13:30

ФИНАЛЕ
Победник Натпревар 1 - Победник Натпревар 2
Почеток 16:00

Линковите до статистика во живо ќе бидат достапни на насловната страница на веб-страницата на КФСМ.