30.05.2019

М18: Дамите ќе го одлучат шампионот во Струга!

Кошаркарките во јуниорска возрасна категорија (до 18 години) шампионот за тековната натпреварувачка сезона ќе го одлучат во спортската сала „Нико Нестор“ во Струга откако наддавачите од клубот Струга 2009 победија на лицитацијата одржана во просториите на КФСМ.

Во тековната натпреварувачка сезона (2018/2019) согласно системот на натпреварување, девојките во оваа возрасна категорија разигруваа меѓусебе во рамки на 15 кола регуларен тек како и систем на разигрување, а својата надмоќ над противниците ја демонстрираа тимовите на Струга 2009, Баскет Кам, Бадел 1862 и Шкупи.

Распоред на натпревари

1. јуни 2019
Натпревар 1
Бадел 1862 – Баскет Кам
Почеток 13:30

Натпревар 2
Струга 2009 – Шкупи
Почеток 16:00

2. јуни 2019
Натпревар за трето место
Поразен Натпревар 1 - Поразен Натпревар 2
Почеток 12:30

ФИНАЛЕ
Победник Натпревар 1 - Победник Натпревар 2
Почеток 15:00

Линковите до статистика во живо ќе бидат достапни на насловната страница на веб-страницата на КФСМ.