Ново поглавје се испиша низ страниците на историјата на 3х3. Вчера (3. јуни) беше одржан првиот официјален тренинг на сениорската репрезентација 3х3 која кон крајот на овој месец ќе земе учество во квалификациски турнир за Европскиот Куп. 

Момците и девојките наутро тренираат со Жарко Батиќ додека во попладневните часови тренираат во спортска сала.

Владимир Кузмановски, Петар Петровски, Петар Бојовски и нашиот најдобро рангиран играч Ервин Цого ќе ги бранат боите на нашата република на 29. и на 30. јуни во Рига каде покрај домаќинот во машка конкуренција ќе настапат селекциите на Италија, Полска, Швајцарија, Словачка, Израел, Грција, Малта, Грузија и Црна Гора додека во женска конкуренција ќе настапат селекциите на Италија, Полска, Швајцарија, Словачка, Израел, Грција и Малта.

Нашата женска репрезентација ќе се комплетира на 20. јуни. Александра Стојановска, која е нашата најдобро рангирана во 3х3 ќе биде дел од националниот состав заедно со Софија Лазареска и Криси Гивенс.