10.06.2019

М16: Девојките ќе разигруваат за титулата во Крива Паланка

Кошаркарките кои со своите клубови тековната натпреварувачка сезона се натпреваруваа во возрасната категорија до 16 години ќе го одлучат шампионот во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка.

Девојките на Бадел 1862, Струга 2009, Гостивар 2009 како и домаќинот-организатор на овој завршен турнир - Крива Паланка, ќе се надигруваат во вторник (11. јуни) и во среда (12. јуни).

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат во 17:00 часот и во 19:00 часот, во вторник (11. јуни) додека натпреварот за трето место и финалето се закажани за ден подоцна во истите термини.

Натпреварите од вториот натпреварувачки ден ќе бидат пренесувани во живо на YouTube каналот на Македонскиот Олимписки Комитет.

Распоред на натпревари
11. јуни 2019
Натпревар 1
Бадел 1862 – Крива Паланка
Почеток 17:00

Натпревар 2
Струга 2009 – Гостивар 2009
Почеток 19:00

12. јуни 2019
Натпревар за трето место
Поразен Натпревар 1 - Поразен Натпревар 2
Почеток 17:00


ФИНАЛЕ
Победник Натпревар 1 - Победник Натпревар 2
Почеток 19:00