Напорната работа секогаш се исплати, па така младите кошаркарки на Струга 2009 по цела сезона напорна работа ја заработија шампионската круна во возрасната категорија до 16 години.

Избраничките на Владо Ѓоровиќ беа убедливи во полуфиналниот дуел додека во финалето Бадел 1862 не се предаде така лесно, па гостите на трибините во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка и оние кои го следеа натпреварот на стрим, имаа прилика да гледаат интензивна борба до последната топка на теренот. Во натпреварот за трето место Крива Паланка триумфира над Гостивар.

Најкорисен играч е кошаркарката Габриела Модева од Струга 2009.

Резултати
Полуфинале
Бадел 1862 – Крива Паланка 81-63
Струга 2009 – Гостивар 73-42

Натпревар за трето место
Крива Паланка – Гостивар 89-55   СНИМКА
Финале
Бадел 1862 – Струга 2009 51-55    СНИМКА

Повеќе фотографии од завршниот турнир се достапни на фејсбук страницата на КФСМ.