17.06.2019

Денеска и утре младинците ќе разигруваат со Бугарија

Нешто повеќе од две седмици младинската репрезентација тренира во полн состав. Предводникот на оваа генерација, Дарко Радуловиќ, прозиваше на 1. јуни в Скопје, а по неколку дена тренинзи и лекарски прегледи во нашата престолнина младинската национална селекција замина за Маврово на камп. Младинците на „Радуле“ пред неколку се вратија во Скопје каде денеска ќе ја пречекаат соодветната репрезентација на Бугарија.

Пријателските натпревари ќе се одиграат во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“. Денеска натпреварот е закажан за во 18:00 часот додека вториот натпревар ќе се одигра утре (вторник, 18. јуни) со почеток во 13:00 часот.

СТАТИСТИКА ВО ЖИВО
Натпревар 1
Натпревар 2

Два дена по двомечот со Бугарија КФСМ ќе организира турнир со соодветните возрасни национални селекции на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Русија (21.-23. јуни) . Следат неколку дена одмор па патување за Унгарија на пријателски двомеч, а на враќање од Унгарија младинците ќе одиграат уште два натпревара, против селекцијата на Бугарија на гостински терен. 
Со овие натпревари репрезентацијата до 20 години ќе ги заврши пријателските натпревари и ќе продолжи да ја темпира формата во Скопје се до 10. јули односно до заминувањето за Европското првенство (дивизија Б) кое ќе се одигра во Португалија.

Во рамки на групата Д, нашите репрезентативци ќе разигруваат со домаќинот Португалија, со Луксембург, Белгија и со Словачка.