17.02.2017

Поп-пејачката ќе го најави машкото финале со интонирање на химната на РМ

Тамара Тодевска ќе ја пее химната пред почетокот на финалето од ЛИМАК Купот на РМ

Поп-пејачката, Тамара Тодевска, ќе ја има привилегијата да го најави финалниот натпревар од ЛИМАК Купот на Република Македонија во машката конкуренција.

Популарната пејачка ќе ја изведе националната химна на Република Македонија, во пресрет на вториот финален натпревар кој е на распоредот в недела (19. февруари) со почеток во 19.00 часот.

За Тамара Тодевска ова ќе биде второ изведување на химна пред официјален натпревар по интонирањето на химната на Република Македонија пред фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Белгија пред четири години.

Натпреварите од завршниот турнир на ЛИМАК Купот на РМ ќе можете да ги проследите во живо на веб-сајтот на Македонската кошаркарска федерација. Повеќе околу таа информација на следниот линк.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
Четвртфинале - 17.02.2017 (петок)
13:00ч. Карпош соколи - Вардар
15:30ч. Фени индустри - АВ Охрид
18:00ч. Работнички - Куманово
20.30ч. МЗТ Скопје - Кожув

Полуфинале - 18.02.2017 (сабота)
13:00ч. Бадел 1862 - МНА Кожувчанка
15:30ч. Вардар - Пелистер
18:00ч. Победник Работнички/Куманово - Победник Карпош соколи/Вардар
20.30ч. Победник Фени индустри/АВ Охрид - Победник МЗТ Скопје/Кожув

Финале - 19.02.2017 (недела)
16.00ч. Финален натпревар женска конкуренција
19.00ч. Финален натпревар машка конкуренција