Националната селекција до 18 години во женска конкуренција ова лето ќе ги брани боите на нашата република пред домашната публика. Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија ќе го организира Европското првенство (дивизија Б) во Скопје, од 5. јули до 14. јули. Дваесет и три земји ќе земат учество, меѓу кои и нашата Република. 

Јуниорките веќе се во тренажен процес во нашиот главен град, а ги обработија и предвидените подготовки во Маврово. На нивниот распоред во пресрет на настапот на Европското првенство (дивизија Б) има неколку пријателски натпревари, од кои први ќе се одиграат во Скопје.

Нашата женска јуниорска репрезентација ќе ги нагости соодветните национални селекции на Грција, Турција и на Бугарија. Пријателскиот турнир ќе се одигра во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.

Распоред на натпревари
20.06.2019
17:00h
Северна Македонија - Турција
21.06.2019
17:00h
Турција - Грција
19:15h
Бугарија - Северна Македонија
22.06.2019
14:30h
Турција - Бугарија
17:00h
Северна Македонија - Грција
23.06.2019
14:00h
Грција - Бугарија