Репрезентацијата до 14 години идната седмица ќе одржи неколку селективни тренинзи кои на стручниот штаб ќе им овозможи формирање на ростерот кој ќе настапи на „Slovenia Ball“ - неофицијалното првенство за кошаркари на оваа возраст.

На 25. јуни (вторник) во спортската сала „Ново Лисиче“ (дупка) со почеток во 12:00 часот ќе се одржи првиот селективен тренинг.

Се замолуваат сите кошаркарски клубови да испратат не повеќе од двајца кошаркари родени 2005 или 2006 година, за кои сметаат дека заслужуваат да бидат дел од националната селекција. 

Селектираните кошаркари ќе бидат информирани за понатамошните активности на репрезентацијата.