02.07.2019

Список на повикани играчи за тренинзи на репрезентација до 14 години

Кошаркарите до 14 години (родени 2005 година) тековното лето ќе земат учество на меѓународниот турнир насловен „Slovenia Ball“ кој традиционално се одржува во Словењ Градец, Словенија.

Предводникот на оваа генерација, Дарко Димитријевиќ, досега со своите избраници одржуваше тренинзи во Скопје, а учествуваше и на кампот за кошаркари до 16 години во рамки на проектот одобрен од ФИБА „Заедно до М16“- втора генерација.

Димитријевиќ ќе одржи тренинзи со своите избраници, во Скопје, во периодот од 24. јули до 31. јули.

Првиот тренинг е закажан за на 24. јули (среда), со почеток во 18:30 во спортската сала „Ново Лисиче“ - Дупка.

Кошаркарите задолжително да понесат со себе потврда од лекар за спортски активности.

СПИСОК Н А ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

1. Алексиќ Драган МВП Струмица
2. Буклишев Ристе Балкан-Р.Бугарија
3. Војновиќ Тео МЗТ Скопје
4. Стефанов Рубин Rimini Crabs-Италија
5. Колев Марко Дино Баскет Кочани
6. Цветановски Филип Тimberwolves-Виена, Австрија
7. Јакимовски Никита Феникс Скопје
8. Петров Ристе Ролинг Струмица
9. Дочински Филип Работнички Скопје
10. Серафимовски Лука ФМП Скопје
11. Чолаковски Филип Работнички Скопје
12. Ивановски Бојан Вардар Скопје
13. Баловски Даниел Црн Дрим Струга
14. Димевски Карло Водњански Лисици Скопје
15. Величковски Бојан Вардар Скопје