04.07.2019

Победа и пораз за јуниорите од Црна Гора

Тони Симиќ и неговите избраници додадоа уште една победа и еден пораз на своето конто од одиграни пријателски натпревари во рамки на подготвителниот период за Европското првенство (дивизија Б) кое ќе се одигра во Романија кон крајот на тековниот месец.

По двомечот со Полска во Скопје, нашите јуниорски репрезентативци заминаа за Подгорица каде се пресметаа со соодветната национална селекција на Црна Гора.

На првиот натпревар запишавме победа од 69:67 додека на вториот црногорски репрезентативци ни нанесоа пораз од 68:59.

За јуниорите следат пријателски натпревари против Бугарија на гостински терен во Благоевград. Кон средината на месец јули јуниорите ќе се натпреваруваат на турнир во Скопје пред да заминат во Бугарија на уште еден пријателски турнир. Неколку дена пред почетокот на првенството, јуниорите ќе заминат за Романија на пријателски натпревари со организаторот на јуниорското европско првенство (дивизија Б).