Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Претседателот Перо Антиќ, Спортскиот директор Тодор Гечевски и Потпретседателот Бали Саити денеска одржаа состанокт со претставниците на Прволигашите како и со претставници од Асоцијацијата на играчи.

Здружението на Прволигаши, достави барање до Кошаркарската федерација на Северна Македонија за промена на член од Регистрацискиот Правилник кој го дефинира бројот на странци, односно задолжителниот број на Македонци на терен во игра во секое време. 

Заинтересираните страни ги искажаа своите ставови во врска со темата на состанокот, а потоа ги дадоа и своите предлози до раководството на КФСМ за промена на членот од Регистрацискиот Правилник.

За следната седмица повторно е закажана средба на која ќе се разговара дополнително на темата и ќе се разгледуваат предлозите на засегнатите страни.