Уште две победи додадоа избраниците на Тони Симиќ на своето конто во рамки на подготвителниот период.

Нашата јуниорска репрезентација, по натпреварите одиграни во Црна Гора каде запишаа победа и пораз, заминаа за Бугарија за уште еден пријателски двомеч.

Во Благоевград, репрезентативците до 18 години на првиот натпревар ги совладаа врсниците од Бугарија со 79-85, а потоа и со 64-73.

СТАТИСТИКА НАТПРЕВАР 1
СТАТИСТИКА НАТПРЕВАР 2

Кон крајот на тековната седмица јуниорите ќе се натпреваруваат на турнир во Скопје, со Косово, Албанија и со Бугарија, пред да заминат во Бугарија на уште еден пријателски турнир. Неколку дена пред почетокот на првенството, јуниорите ќе заминат за Романија на пријателски натпревари со организаторот на јуниорското европско првенство (дивизија Б).