Нашата женска јуниорска репрезентација веќе осум дена учествува на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркарки до 18 години кое се одигрува во нашата престолнина Скопје. 

Во рамки на групата Ц, нашата репрезентација разигруваше против Романија, Грција, Австрија, Ирска и против Словачка.

По вториот предвиден ден за одмор, нашите репрезентативки ќе разигруваат за конечен пласман од 17. до 23. место. Првиот натпревар од разигрувањето ќе го одиграме против соодветната репрезентација на Велика Британија, на 12. јули (петок) во големата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“ со почеток во 21:00 часот.