Подготовките на јуниорската репрезентација во машка конкуренција за Европското првенство (дивизија Б) се во полн ек, веќе од почетокот на месец јуни. Селекторот Тони Симиќ, заедно со своите стручни соработници работат напорно со кошаркарите во Скопје каде ќе се одигра и последниот пријателски турнир на оваа генерација во пресрет на настапот на првенството.

Репрезентативците до 18 години ќе ги нагостат соодветните национални селекции на Албанија, Бугарија и на Косово со кои ќе се надигруваат во наредните три дена, почнувајќи од денес.

Сите натпревари ќе бидат одиграни во големата сала на „Кале“.

По турнирот, нашите репрезентативци ќе заминат во Бугарија на уште еден пријателски турнир. Неколку дена пред почетокот на првенството, јуниорите ќе заминат за Романија на пријателски натпревари со организаторот на јуниорското европско првенство (дивизија Б).

 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

12.07.2019
18:00h   Албанија - Косово
20:00h   Северна Македонија - Бугарија

13.07.2019
18:00h   Бугарија - Албанија
20:00h   Косово - Северна Македонија

14.07.2019
18:00h   Косово – Бугарија
20:00h   Северна Македонија - Албанија