10.07.2019

Распоред на натпревари на младинската репрезентација на Европското првенство (б)

Борбата за пласман во А дивизија на нашата младинска репрезентација почнува за два дена, во Матосињос, Португалија. На 12. јули кошаркарите кои се дел од репрезентацијата до 20 години ќе започнат со настап на Европското првенство за оваа возрасна категорија, во Б дивизија. Согласно системот за натпреварување, првите три пласирани репрезентации идното лето ќе се промовираат во првата дивизија.

Нашата репрезентација е дел од групата Д и во рамки на групната фаза ќе одигра четири натпревара.

Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на YouTube каналот на ФИБА, а на официјалната веб страница на првенството ќе бидат достапни и линкови од статистика во живо како и фотографии од натпреварите.