14.07.2019

Европско првенство за кошаркарки до 18 години, дивизија Б

Финска, Грција и Турција со промоција во А дивизија

Репрезентациите до 18 години на Финска, Грција и на Турција идната календарска година ќе се надигруваат на Европското првенство на кошаркарки во дивизија А откако на првенството кое во изминатите единаесет дена се одигруваше во Скопје ги освоија првите три места.

Финска ја совлада Грција во финалето, и го освои златниот медал, додека пак репрезентативките на Турција ги надиграа кошаркарките од Шведска во натпреварот за трето место и ја освоија бронзата.

Кошаркарките Жанет Арнио (Финска), Матилда Ек (Шведска), Фериде Акалан (Турција), Јоана Хацилеонти (Грција) и Авак Куиер (Финска) добие признание за најдобра петорка на првенството. Лидерот на Финска, Авак Куиер го доби и признанието за најкорисен играч (MVP) додека наградата а фер-плеј замина во рацете на Анет Елизабет Адлер од Естонија.

Нашата репрезентација се пласира на 21. место.