Нашата младинска репрезентација, која настапува на Европското првенство за кошаркари до 20 години дивизија Б, го заврши првиот дел од антпреварувањето. Младинските репрезентативци го одиграа последниот натпревар во рамки на групната фаза, и согласно резултатите ќе разигруваат за пласман од деветтото до шеснаесеттото место во дивизијата.

Во рамки на групата Д, нашата репрезентација до 20 години одигра четири натпревари против соодветните национални селекции на Белгија, Португалија, Луксембург и против Словачка и запишаа една победа.

Следен натпревар за нашата репрезентација е закажан за в петок, против репрезентацијата на Естонија. 

Сите резултати, фотографии и видео снимки од натпреварите на нашата репрезентација можат да се погледнат подетално на следниот линк.