22.07.2019

Италија, Естонија и Русија на патот на сениорите за пласман на ЕП

Сениорските репрезентации на Италија, Естонија и на Русија се на патот на нашите сениори кон пласман на уште еден континентален собир. Денеска во Минхен беа извлечени евроквалификациските групи за Евробаскет 2021, а нашата репрезентација е дел од групата Б.

Првиот квалификациски прозорец е предвиден да се одигра во февруари 2020 година, вториот во ноември истата година, а последниот прозорец во февруари 2021 година. Осум групи се составени од по четири тимови.

Системот налага да секоја репрезентација одигра натпревар против сите противници во групата, на домашен и на гостински терен. Првите три тима од секоја група, со исклучок на организаторите, ќе се квалификуваат на Евробаскет 2021. Од групите каде ќе бидат сместени организаторите ќе се пласираат две репрезентации (покрај организаторот).

Европското првенство во 2021 година ќе се одигра во Чешка, Грузија, Германија и Италија чија репрезентација е во нашата група.

Распоред на натпревари

20.02.2020
Северна Македонија - Естонија
23.02.2020
Русија - Северна Македонија

27.11.2020
Италија - Северна Македонија
30.11.2020
Естонија - Северна Македонија

18.02.2021
Северна Македонија – Русија
21.02.2021
Северна Македонија - Италија