23.07.2019

М16 жени А дивизија

Конкурс за ангажирање на лица за помош при организација на ЕП за кошаркарки до 16 години (А дивизија) во Скопје

Кошаркарската федерација на Северна Македонија во периодот од 22. до 30. август ќе биде организатор на Европско Првенство за кошаркарки до 16 години. На ова првенство, кое ќе се одигра во Скопје, учество ќе земат 16 репрезентации од Европа кои се натпреваруваат на континенталниот собир за кадетки (А дивизија).

КФСМ го објавува овој конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација.

Ангажманот е од 20. август до 30. август.

Отворени позиции:
- Одговорни лица за репрезентации (16 позиции)
- Одговорни лица за хотел (6 позиции)
- Најавувач на натпревар во спортска сала (2 позиции)
- Лице за работа со разглас (DJ) во спортска сала (2 позиции); музиката е обезбедена од организаторот
- Лице за одржување на терен во спортска сала за време на натпревари (2 позиции)

Заинтересираните можат да се пријават со испраќање на CV со фотографија на jane.petkovski@basketball.org.mk, со назнака „За конкурс за ЕП во Скопје“, како и да ја наведат позицијата за која аплицираат, заклучно со 5.08.2019 година.

Пријавените треба да бидат на возраст од 18 до 25 години и со задолжително добро познавање на англискиот јазик.