Триесет дена од официјалниот почеток на подготовките репрезентацијата до 16 години во женска конкуренција ќе ги одигра првите пријателски натпревари. Селекторот Виолета Здравковиќ ќе ги предводи своите избранички на пријателски турнир во Скопје кој ќе се одигра претстојниот викенд (петок, сабота и недела).

На турнирот во Скопје ќе гостуваат соодветните национални селекции до 16 години на Босна и Херцеговина, Црна Гора и на Бугарија.

Пријателските натпревари ќе се одиграат во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.

 

Распоред на натпревари

26.07.2019
18:00h Босна и Херцеговина – Црна Гора
20:00h Северна Македонија - Бугарија

27.07.2019
18:00h Бугарија – Босна и Херцеговина
20:00h Црна Гора – Северна Македонија

28.07.2019
18:00h Бугарија – Црна Гора
20:00h Северна Македонија – Босна и Херцеговина