25.07.2019

Кадетите ќе разигруваат со Израел, Полска и Чешка на пријателски турнир во Скопје

Нешто повеќе од еден месец нашата кадетска репрезентација е во активен тренажен процес. Кошаркарите кои се дел од репрезентацијата до 16 години ги обавуваат подготовките во Скопје, а веќе одиграа и неколку пријателски натпревари.

Селекторот Денис Дервишевиќ со своите стручни соработници ја темпираат формата на кошаркарите кои ќе ги бранат националните бои на континенталниот собир закажан за во август, а претстојниот викенд ќе ги одиграат последните пријателски натпревари во рамки на подготвителниот период.

Соодветните национални селекции на Израел, Полска и на Чешка ќе гостуваат во Скопје на пријателски меѓународен турнир кој ќе се одигра во спортската сала „Кале“ (голема сала).

Ден по одигрување на турнирот кадетите ќе заминат за Маврово на финални подготовки, а на седми август предвидено е заминувањето за Удине, Италија на Европското првенство за кошаркари до 16 години.
 

Распоред на натпревари

26.07.2019
17:00h Полска – Чешка
19:00h Северна Македонија – Израел

27.07.2019
17:00h Чешка - Израел
19:00h Полска – Северна Македонија

28.07.2019
10:30h Чешка – Северна Македонија
19:00h Израел – Полска