Нашата женска кадетска репрезентација нешто повеќе од еден месец ги обавува подготовките за настап на Европското првенство, дивизија Б, кое ќе се одржи кон средината на август во соседна Бугарија. 
Кошаркарките тренираат во нашата престолнина, а непосредно пред првенството во Софија ќе заминат на финално темпирање на формата во Маврово.

Кадетките изминатиот викенд одиграа и пријателски турнир во Скопје, заедно со соодветните национални селекции на Црна Гора, Бугарија и на Босна и Херцеговина. Репрезентативките до 16 години не успеаја да запишат победа на овој пријателски турнир.

Европското првенство за кошаркарки до 16 години, дивизија Б, ќе започне да се одигрува на 15. август и ќе трае до 24. август.


26.07.2019
18:00h Босна и Херцеговина – Црна Гора 55-58 (23-12, 17-18, 12-12, 3-16)
20:00h Северна Македонија - Бугарија 43-80 (5-17, 11-24, 16-19, 12-20)

27.07.2019
18:00h Бугарија – Босна и Херцеговина 60-57 (19-17, 13-14, 7-12, 21-14)
20:00h Црна Гора – Северна Македонија 66-23 (18-12, 15-7, 16-2, 17-2)

28.07.2019
18:00h Бугарија – Црна Гора 67-56 (20-11, 16-9, 9-19, 12-17)
20:00h Северна Македонија – Босна и Херцеговина 40-76 (9-16, 10-23, 7-25, 14-12)