Се известуваат сите кошаркарски тренери, кои се запишани на Едукацијата за тренери која ја спроведува КФСМ, дека третиот дел од Едукацијата ќе се одржи во претстојниот месец септември во Охрид.

Сите тренери треба да пристигнат во Охрид, не подоцна од 10:30 часот наутро на 14. септември. Трошоците за транспорт до Охрид се на сметка на тренерите додека хотелското сместување ќе биде обезбедено од КФСМ.
Едукацијата ќе се реализира низ два дена, на 14. и на 15. септември.

Сите тренери кои не успеаја да се запишат навреме во првата група на Едукацијата за тренери можат да го сторат тоа со апликација на cevka@yahoo.com најдоцна до 1. септември 2019 година. Предавањата се предвидени да започнат со почетокот на сезоната 2019/2020.
Здружението на кошаркарски тренери потенцира дека запишана или завршена Едукација за тренерите без соодветно образование е еден од неопходните услови за добивање на тренерска лиценца.

Годишниот тренерски семинар, кој е задолжителен за сите тренери кои сакаат да се здобијат со тренерска лиценца за натпреварувачката сезона 2019/2020 ќе се одржи на 21. и на 22. септември во Скопје.

За сите дополнителни информации може да се контактира Претседателот на ЗКТ, Драган Василов, на cevka@yahoo.com.