Јуниорската машка репрезентација ќе има шанса да се бори за пласман во А дивизија откако денеска во четвртфиналниот дуел против Естонија зпаиша убедлива победа и се пласира во полуфиналето на Европското првенство за кошаркари до 18 години во дивизија Б.

Избраниците на Тони Симиќ веќе во првиот период наталожија убедлива предност пред противникот. На истекот на десеттата минута на семафорот стоеше 30-6, па репрезентативците си дозволија поопуштена игра во вториот период. На полувремето се замина со висока предност од 26 поени (58-32) кои до крајот пораснаа на 35 за конечни 92-57 или 30-6, 28-26, 19-8 и 15-17 по делници.

Во рамки на полуфиналето, нашата репрезентација ќе се пресмета со подобриот од дуелот Израел - Шведска.