Ждребот одржан пред неколку месеци посака да нашата кадетска машка репрезентација тековното лето биде дел од групата Б во рамки на првата фаза од Европското првенство за кошаркари до 16 години. Во оваа фаза од натпреварувањето, нашите кадетски репрезентативци ќе разигруваат против соодветните национални селекции на Шпанија, Израел и на Летонија.

Најдобрите шеснаесет репрезентации од оваа возрасна категориија ќе се надигруваат на континенталниот собир кој ќе се одржи во Удине, Италија од деветти до седумнаесетти август. Трите најлошо пласирани репрезентации идното лето ќе настапуваат во дивизија Б.

Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на YouTube каналот на ФИБА, а на официјалната веб страница на првенството ќе бидат достапни и линкови од статистика во живо како и фотографии од натпреварите.