Агенцијата за млади и спорт ќе организира работен состанок за кошаркарските клубови кои не добија ваучер за даночно ослободување (Закон за данок на добивка) односно не ги исполнуваат критериумите за користење на ваучерите во спортот согласно законската мерка за поттикнување на финансирање во спортот.

Состанокот со кошаркарските клубови ќе се одржи во просториите на Агенцијата за млади и спорт, утре (четврток, 8.август, 2019 година) со почетокј во 11:00 часот.