Уште двајца претставници има нашата република на Европското кадетско машко првенство кое веќе неколку дена се одржува во Удине, Италија.

Искусните арбитри Игор Митровски и Александер Павлов ја добија довербата на меѓународната кошаркарска федерација ФИБА за да ја делат правдата на натпреварите од континенталниот собир за кошаркари до 16 години. На првиот натпреварувачки ден, Игор Митровски беше главен судија (прв судија) на натпреварот кој го одигра организаторот на ова првенство, Италија, против Германија.

Распоредот на натпревари, фотографии и видео-снимки од натпреварите на нашата кадетска машка репрезентација како и натпреварите каде ја делат правдата нашите арбитри може да се погледне на следниот ЛИНК.