14.08.2019

Распоред на натпревари на кадетската репрезентација (жени) на Европското првенство (б)

Системот за натпреварување, согласно бројот на земји-учеснички на овогодишното Европско првенство за кошаркарки до 16 години во дивизија Б, диктира да трите најдобро пласирани репрезентации на крајот на првенството ќе се здобијат со право за учество во дивизија А идното лето. Поради бројот на учесници (23) ова лето ниту една репрезентација нема да испадне во Ц дивизија.

Нашите кадетски репрезентативки ќе разигруваат со Холандија, Бугарија, Луксембург и со Украина во рамки на групата Д од групната фаза. Европското првенство, дивизија Б, ќе се одигра во Софија, Бугарија од 15. до 24. август.

Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на YouTube каналот на ФИБА youtube.com/FIBA, а на официјалната веб страница на првенството ќе бидат достапни и линкови од статистика во живо како и фотографии од натпреварите.