19.08.2019

Распоред на натпревари на машката селекција до 14 години на Slovenia Ball

Лето полно со активности имаа кошаркарите кои се дел од националната селекција до 14 години. Селекторот Дарко Димитријевиќ во својот план и програма за работа предвиде неколку селективни тренинзи во главниот град, како и редовни тренинзи на кошаркарите родени 2005 и помлади. Сите активности водат кон настап на меѓународниот турнир, пандан на Европско првенство, кој традиционално се одржува во Словењ Градец, Словенија.

Тековното лето, нашите млади репрезентативци ќе земат учество на петнаесеттото издание на овој меѓународен турнир, кој ќе се одигра од 22. август до 25. август.

Покрај нашата национална селекција пријавени се и соодветните селекции на Бугарија, Хрватска, Унгарија, Израел, Италија, Црна Гора, Полска, Украина и организаторот Словенија.

Момците на Димитријевиќ се сместени во групата А заедно со Бугарија, Израел, Црна Гора и организаторот Словенија. Во групата Б сместени се селекциите на Хрватска, Унгарија, Италија, Полска и на Украина.

Покрај нашата селекција, на турнирот ќе 'учествува' и наш млад судија, Мартин Деспотовски.

Натпреварите ќе се одиграат во спортската сала „Gimnazija gym“ како и во „Sports Hall“ каде ќе се одиграат и натпреварите од плејоф фазата на турнирот. Сите натпревари од втората фаза на турнирот (разигрување за пласман) ќе бидат пренесувани во живо на YouTube (livestream).
 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
22.08.2019
9:00h Црна Гора – Северна Македонија  „Gimnazija gym“
14:30h Северна Македонија – Израел  „Gimnazija gym“

23.08.2019
14:30h Бугарија - Северна Македонија  „Sports Hall“
20:15h Северна Македонија – Словенија   „Sports Hall“

24.08.2019-25.08.2019 Плејоф фаза, разигрување за пласман