29.08.2019

Распоред на активности

Промена на локација на одржување на Едукацијата на тренери

Се известуваат сите кошаркарски тренери, кои се запишани на Едукацијата за тренери која ја спроведува КФСМ, дека третиот дел од Едукацијата ќе се одржи во претстојниот месец септември во Скопје.

Едукацијата ќе се реализира низ два дена, на 14. и на 15. септември. Теорискиот дел односно предавањата ќе бидат одржани во конгресниот центар при спортскиот центар Борис Трајковски додека практичниот дел и демонстративните тренинзи ќе се одржуваат во големата сала на „Кале“.

Сите тренери кои не успеаја да се запишат навреме во првата група на Едукацијата за тренери можат да го сторат тоа со апликација на cevka@yahoo.com најдоцна до 1. септември 2019 година. Предавањата се предвидени да започнат со почетокот на сезоната 2019/2020.
Здружението на кошаркарски тренери потенцира дека запишана или завршена Едукација за тренерите без соодветно образование е еден од неопходните услови за добивање на тренерска лиценца.

РАСПОРЕД НА АКТИВНОСТИ ОД ТРЕТИОТ ДЕЛ ОД ЕДУКАЦИЈАТА НА ТРЕНЕРИ

 

Годишниот тренерски семинар, кој е задолжителен за сите тренери кои сакаат да се здобијат со тренерска лиценца за натпреварувачката сезона 2019/2020 ќе се одржи на 21. и на 22. септември во Скопје.

За сите дополнителни информации може да се контактира Претседателот на ЗКТ, Драган Василов, на cevka@yahoo.com.