18.09.2019

КФСМ организатор на силен меѓународен младински турнир

Кошаркарската федерација на Северна Македонија во следните четири дена ќе биде организатор на силен младински меѓународен турнир за кошаркари и кошаркарки до 15 години. Младите кошаркари и кошаркарки родени 2004 и помлади кои се дел од втората генерација во рамки на проектот „Заедно до М16“ ќе се надигруваат против соодветните национални селекции од партнерските федерации во овој проект - Турција, Романија, Бугарија и Косово.

Сите натпревари нашите селекции, машки и женски, ќе ги одиграат во спортската сала Кале (мала и голема). Статистика во живо ќе биде достапна од сите натпревари додека натпреварите кои нашите селекции ќе ги одиграат на 21. и на 22. септември ќе бидат пренесувани во живо на YouTube каналот на Националниот Олимписки Комитет.

Влезот на сите натпреварите е слободен.

 Распоред на натпревари (МАЖИ) 
Сите натпревари од машкиот турнир ќе бидат одиграни во големата сала на Кале

19.09.2019
19:00 Северна Македонија – Турција

20.09.2019
11:00 Бугарија – Турција
13:00 Косово – Романија
19:00 Бугарија – Северна Македонија
21:00 Турција – Косово

21.09.2019
11:00 Романија – Турција
17:00 Косово – Бугарија
19:00 Северна Македонија – Романија

22.09.2019
13:00 Романија – Бугарија
17:30 Косово – Северна Македонија

 

 Распоред на натпревари (ЖЕНИ) 
19.09.2019 Кале голема
16:30 Турција - Северна Македонија

20.09.2019 Кале мала
11:00 Бугарија – Турција
13:00 Косово – Романија
19:00 Бугарија – Северна Македонија
21:00 Турција – Косово

21.09.2019 Кале голема
13:00 Романија – Турција
15:00 Косово – Бугарија
21:00 Северна Македонија – Романија

22.09.2019 Кале голема
11:00 Романија – Бугарија
15:30 Косово – Северна Македонија