Раководството на Кошаркарската федерација на Северна Македонија закажува неформална средба со претставниците на јавните гласила.

Неформалната средба со претставниците на медиумите ќе се одржи утре (19.09.2019) во кафулето Тренд (плоштад), со почеток во 12:00 часот.

На неформалната средба, раководството ќе ги презентира плановите за активностите во непосредна иднина како и досега реализираните точки од програмата презентирана пред јавноста.