21.09.2019

Како се одвиваше семинарот „Лазар Лечиќ“ низ фотографии

(ФОТО) Тренерски семинар „Лазар Лечиќ“ - прв ден

Ненад Труниќ, Октај Махмути, Душан Ивковиќ се предавачите на тековниот тренерски семинар, задолжителен за сите кошаркарски тренери кои ќе водат тимови во домашното натпреварување во организација на КФСМ.

Тренерскиот семинар се одвива во конгресната сала при А1 арената при СЦБТ во Скопје, а покрај предавањата тренерите следат и демонстративни тренинзи во малата сала.

Семинарот од оваа сезона го носи името на Лазар Лечиќ.

Распоредот на активности на тренерскиот семинар може да се погледне на следниот ЛИНК.