23.09.2019

Ненад Труниќ, Октај Махмути и Душан Ивковиќ предавачи на семинарот „Лазар Лечиќ“

Одржан тренерскиот семинар „Лазар Лечиќ“

Здружението на кошаркарски тренери при Кошаркарската федерација на Северна Македонија викендот што измина одржа тренерски семинар, задолжителен за сите кошаркарски тренери.

Тренерите низ два дена слушаа предавања од Ненад Труниќ, Октај Махмути и Душан Ивковиќ, а обраќање до присутните имаше и Лазар Лечиќ чие име го носи тренерскиот семинар од оваа година.

Темите на кои предаваа реномираните тренери можат да се погледнат на распоредот на активности на семинарот на следниот ЛИНК.