Нашата женска сениорска репрезентација идната седмица ќе одигра два натпревара, први во рамки на квалификацискиот циклус за Европското првенство закажано за 2021 година.

Селекторот Владимир Ѓоровиќ, заедно со Срѓан Дамњановски, ги прозиваше сениорките кои одговорија на повикот. Сениорската репрезентација ќе биде комплетирана викендот што следи по приклучување на кошаркарките кои се натпреваруваат надвор од рамките на државата.

Репрезентативките ќе одиграат натпревар против Германија на 14. ноември, а три дена подоцна ќе се пресметаат со Летонија на домашен терен.