08.11.2019

Втора машка лига

Почнува натпреварувањето во Втората машка лига

Во текот на наредните три дена ќе се одигра првото натпреварувачко коло во Втората лига по ранг во машка сениорска конкуренција, по неколку седмично одложување.

Идентично како и минатата натпреварувачка сезона, клубовите се поделени во две групи – Исток и Запад, а по комплетирање на регуларниот дел од сезоната најдобрите осум (по четири од секоја група) ќе разигруваат меѓусебе во четвртфинале. Финалистите ќе се здобијат со право да учествуваат во Првата лига идната сезона.

Вкупно 18 екипи ќе се надигруваат во втората лига, по девет во секоја група.

Во групата „Исток“ ќе се надигруваат Баскет Кам, Борец Баскет, Куманово, Риниа, Спарта, Струмица, ТФТ, Феникс 2010, и Шкупи. Во групата „Запад“ ќе се натпреваруваат Албес, Ангели, Мега Баскет, Партизан Мулти Шпед, Спорт Тим, Тетекс ТТК, Хераклеа, Црн Дрим и Чаир 2030.

Комплетните распореди можат да се погледнат на линковите подолу.

Двојки прво коло ИСТОК – РАСПОРЕД
Баскет Кам – Шкупи 12.11.2019; 16:00
Спарта – Борец Баскет 10.11.2019; 19:00
Струмица – МКК Куманово 10.11.2019; 12:00
ТФТ – Феникс 2010 10.11.2019; 20:45
Риниа - слободен

Двојки прво коло ЗАПАД – РАСПОРЕД
Чаир 2030 – Мега Баскет 9.11.2019; 16:00
Тетекс ТТК – Црн Дрим 9.11.2019; 18:00
Спорт Тим – Хераклеа 10.11.2019; 12:00
Партизан Мулти Шпед – Албес 10.11.2019; 18:30
Ангели - слободен