По пет одиграни кола најтрофејниот кошаркарски колектив во нашата земја, екипата на Работнички го запиша првиот пораз за натпреварувачката сезона 2019/2020, а поразот му го нанесе новајлијата во прволигашката конкуренција, Академија ФМП со 87-83.

Со победничката низ продолжија МЗТ Скопје Аеродром, Еуро Никел 2005 и Гостивар откако ги совладаа своите противници во рамки на петтото коло.

Актуелниот шампион од скопската општина Аеродром славеше на гости кај Пелистер со 84-89, Еуро Никел 2005 беше подобар од тимот на МЗТ Скопје УНИ БАНКА со 61-96, а Гостивар го нагости тимот на Кожув и го испрати дома со пораз од 81-71. Куманово 2009 го совлада тимот на Вардар со 81-70.

На следниот ЛИНК можат да се погледнат статистичките лидери од петтото одиграно коло.
Шестото коло е предвидено да се одигра претстојниот викенд.