15.11.2019

Прв семинар од втора генерација

Распоред на активности на семинар од Едукација на тренери

Првиот семинар од втората генерација на Едукацијата за тренери која ја спроведува Кошаркарската федерација на Северна Македонија ќе се одржи претстојниот месец декември, во конгресната сала при спортскиот центар „Борис Трајковски“ како и во големата сала на „Кале“. Семинарот е закажан за последниот викенд од календарската 2019 година.

На 28. Декември (сабота) во конгресната сала Професор д-р Ленче Алексовска – Величковска, Професор д-р Слободан Николиќ, Професор д-р Александар Ацески и Професор д-р Милан Наумовски ќе одржат предавања. Во големата сала на „Кале“ пак, ден подоцна предавања ќе одржат искусните тренери Горан Крстевски, Александар Јованчев, Ѓорѓи Кочов и Анета Глигорова.

АГЕНДА
28.12.2019 (конгресна сала, А1 арена СЦБТ)

11:30 Регистрација на присутни
12:00 Проф. д-р Ленче Алексовска Величковска
               тема: Психолошки аспекти на спортскиот триаголник
13:00 Проф. д-р Слободан Николиќ
               тема: Спортски медицински преглед
16:00 Проф. д-р Александар Ацески
               тема: Работа во теретана со млади категории
17:00 Проф. д-р Милан Наумовски
               тема: Тренерски кодекс

29.12.2019 (голема сала, „Кале“)
9:30 Регистрација на присутни
10:00 Проф. Горан Крстевски
               тема: транзиција во одбрана
11:15 Александар Јованчев
               тема: Континуиран напад за категории од 14-18 години
12:30 Проф. Ѓорѓи Кочов
               тема: Одбрана од pick and roll
13:45 Проф. Анета Глигорова
               тема: Комплекс вежби за додавање за девојчиња на возраст од 14-18 години