Шест кола од вкупно 18 во регуларниот дел на сезоната досега одиграа клубовите кои се натпреваруваат во Првата лига во машка сениорска конкуренција. Три клуба го делат врвот на табелата - Гостивар, МЗТ Скопје Аеродром и Еуро Никел 2005 со по 11 бода кои се базирани на пет победи и еден пораз. На дното на табелата е МЗТ Скопје УНИ БАНКА без ниту една победа.

Во рамки на шестото коло, Гостивар ја запиша петтата победа против МЗТ Скопје УНИ БАНКА со 76-106, МЗТ Скопје Аеродром славеше против Академија ФМП со 78-62 додека Еуро Никел 2005 го совлада тимот на Работнички со 78-76.

Куманово 2009 загуби на гости кај Кожув со 83-63, Пелистер беше посилен од Вардар со 71-95.

На следниот ЛИНК можат да се погледнат статистичките лидери од шестото одиграно коло.
Седмото коло е предвидено да се одигра претстојниот викенд.