21.11.2019

Перо Антиќ и Тодор Гечевски на отворање на спортската сала во ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Претседателот на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Перо Антиќ, заедно со Спортскиот Директор Тодор Гечевски, денеска го придружуваа градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на отворањето на најновиот спортски објект во оваа скопска општина.

Раководството на КФСМ, заедно со Градоначалникот свечено ја отворија спортската сала во рамки на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во централното градско подрачје.

Учениците кои ја следат образовната програма во најстарото училиште во Скопје, веќе го користат овој модерен спортски објект кој сигурно ќе придонесе за што подобар развој на најмладите ученици.

Напомена: Фотографиите се преземени од Фејсбук профилот на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.