Кошаркарот на Гостивар и понатаму е водечки на листата на стрелците во македонската Прва лига...

 

Седмиот круг од натпреварите во нашата Прва лига не донесе некои сериозни промени на оние статистички листи, барем во оној индивидуален дел.

Статистичкиот центар на КФСМ пресмета дека и понатаму играчот на Гостивар, Ѓорѓе Џелетовиќ е најдобриот поентер во прволигашката конкуренција.

Србинот има просек од 22.8 поени по одигран натпревар со кој  е во минимална предност пред Харис од Академија ФМП (22.17) и Бенџамин Двејн од Работнички кој во просек има реализирано по 19.3 поени.

Прв скокач е Славчо Темелковски. Играчот на скопски Вардар е на просек од осум скока по меч, со кои е пред уште еден млад кошаркар, Леонид Тодоровски од МЗТ Скопје Уни Банка (7.86), и Филип Бакоч од редовите на Еуро Никел 2005 кој е на 7.57.

Тодоровски има и најголем број на офанзивни скокови, по четири на натпревар, додека кај оние дефанзивните, во улога на лидер е Бојан Трајковски од Кожув кој е на 6.43 скока по натпревар.

Најдобар асистент, и тоа убедливо, е Марјан Младеновиќ. Бекот на Куманово 2009 има двоцифрен просек од дури десет додавања по меч (вкупно 70), со кои е далеку пред Хејден Лесколт од Работнички (6.86) и Бобан Стајиќ (Кожув) чиј просек изнесува 5.29 додавања по натпревар.

Младеновиќ е прв во уште една категорија, онаа најнепосакуванаата од страна на тренерите – загубени топки.

Има по 5.14 загубеи топки по средба.

Во категоријата пак на играчи со најмногу освоени топки, прв е Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром), кој има по 2.67 „кражби“ на натпревар.

Интересно е дека еден од најстарите (според бројот на години) кошаркари во Првата лига, Данило Мијатовиќ, има најголема минутажа меѓу прволигашките играчи.

Силното крило на Работнички во просек игра по 35:50 минути на еден меч. Малку повеќе во однос на неговиот соиграч Хејден Лесколт, како и уште еден Американец, оној од Академија ФМП, Роналд Харис.

*Што се однесува пак за оној процентуален ефект,  Дамјан Стојановски е најдобриот изведувач на слободните фрлања. Репрезентативецот во редовите на МЗТ Скопје Аеродром го прави тоа со 85.19% малку подобро во однос на Казарновски од Пелистер (84.85%) односно Невеш (Вардар) кој има просек од 78.13%.

Ѓорѓе Џелетовиќ од Гостивар пак погодува најдобро во обидите вредни два поени. Има просечни 68/29% на реализации од дистанца, пред Каплановиќ (Еуро Никел 2005) со 68% односно сега веќе екс играчот на Куманово 2009, Миладиновиќ (67.31%).

Листата на најдобри тројкаши по седум одиграни кола пак ја предводи Даниел Нацевски. Се подобриот бек на Академија ФМП во просек погодува со 60.71% на успешност, веднаш до него се Јане Петровски од Еуро Никел 2005) со 56.67%,  и Донован Доналдсон (Гостивар) кој има 53.33%.

 

ТОП 5

Ѓ. Џелетовиќ (Гостивар) 7          160     22.86

Р. Харис (Академија ФМП)       6          133     22.17

Б. Двејн (Работнички)     6          116     19.33

Д. Доналдсон (Гостивар)           7          133     19.00

А. Марзет (Еуро Никел 2005)   7          131     18.71

СКОКОВИ

С. Темелковски (Вардар)           7          56       8.0

Л. Тодоровски (МЗТ Скопје УБ)           7          55       7.86

Ф. Бакоч (Еуро Никел 2005)     7          53       7.57

Љ. Младеновски (Работнички)           6          44       7.33

Д. Миладиновиќ (Куманово 2009)    6          43       7.17

 

ДЕФАНЗИВНИ СКОКОВИ

Б. Трајковски (Кожув)     7          45       6.43

С. Темелковски (Вардар)           7          43       6.14

Б. Двејн (Работнички)                 6          31       5.17

М. Јанески (Куманово 2009)    7          36       5.14

А. Казарновски (Пелистер)       7          36       5.14

 

ОФАНЗИВНИ СКОКОВИ

Л. Тодоровски (МЗТ Скопје УБ)           7          28       4.00

Љ. Младеновски (Работнички)           6          16       2.67

Ф. Бакоч (Еуро Никел 2005)     7          18       2.57

А. Невеш (Вардар)           7          16       2.29

Ѓ. Џелетовиќ (Гостивар) 7          16       2.29

 

АСИСТЕНЦИИ

М. Младеновиќ (Куманово 2009)      7          70       10.0

Х. Лесколт (Работнички) 7          48       6.86

Б. Стајиќ (Кожув)  7          37       5.29

Р. Харис (Академија ФМП)       6          31       5.17

Д. Доналдсон (Гостивар)           7          36       5.14

 

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

М.Младеновиќ (Куманово 2009)       7          36       5.14

Ф.Јунику (Вардар) 7          30       4.29

Д. Митевски (МЗТ Скопје УБ)   7          28       4.00

А. Мекиќ (Пелистер)       6          23       3.83

Х. Лесколт (Работнички) 7          24       3.43

 

ОСВОЕНИ ТОПКИ

Д. Стојановски (МЗТ Скопје А) 6          16       2.67

Б. Стајиќ (Кожув)  7          18       2.57

А. Цветковски (Пелистер)          7          18       2.57

А. Невеш (Вардар)           7          17       2.43

М. Младеновиќ (Куманово 2009)      7          14       2.0

БЛОКАДИ

Д. Миладиновиќ (Куманово 2009)    6          9          1.50

Б. Крстевски (МЗТ Скопје А)     7          9          1.29

Љ. Младеновски (Работнички)           6          7          1.17

Д. Мијатовиќ (Работнички)      7          8          1.14

С. Глигоријевиќ (Работнички) 7          6          0.86

 

 

СЛОБОДНИ ФРЛАЊА (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Д. Стојановски (МЗТ Скопје А) 6          85.19%

А. Казарновски (Пелистер)       7          84.85%

А. Невеш (Вардар)           7          78.13%

Р. Харис (Академија ФМП)       6          77.27%

А. Мекиќ (Пелистер)       6          68.42%

 

ШУТ ЗА ДВА ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Ѓ. Џелетовиќ (Гостивар) 7          68.29%

Ѓ. Каплановиќ (Еуро Никел 2005)       7          68.00%

Д. Миладиновиќ (Куманово 2009)    6          67.31%

Д. Мијатовиќ (Работнички)      7          64.44%

Д. Доналдсон (Гостивар)           7          64.00%

 

ШУТ ЗА ТРИ ПОЕНИ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Д. Нацевски (Академија ФМП)           7          60.71%

К.Петровски (Еуро Никел 2005)          7          56.67%

Д. Доналдсон (Гостивар)           7          53.33%        

И. Димчевски (Гостивар)           6          52.00%

А. Мекиќ (Пелистер)       6          50.00%

 

ШУТ ОД ПОЛЕ (ПРОЦЕНТУАЛНО)

Ѓ. Џелетовиќ (Гостивар) 7          62.62%

Д. Доналдсон (Гостивар)           7          60.0%

Р. Харис (Академија ФМП)       6          56.96%

Е. Пејн (Кожув)      7          55.95%

Д. Нацевски (Академија ФМП)           7          53.25%                    

           

МИНУТАЖА

Д. Мијатовиќ (Работнички)      7          35:50

Х. Лесколт (Работнички) 7          35:13

Р. Харис (Академија ФМП)       6          35:12

М. Младеновиќ (Куманово 2009)      7          35:05

М. Јанески (Куманово 2009)    7          33:51