Селекцијата на Бразил ќе разигрува за место на Олимписките игри во Токио на турнирот во Хрватска...

Ждрепката во седиштето на ФИБА во Швајцарија донесе една навистина интересна слика, барем кога се однесува за изгледот на натпреварувачките групи за оние дополнителни квалификации за Олимписките игри во Токио.

Особено интересна е групата во Хрватска, односно Сплит. Селекцијата на Бразил, чиј селектор е познатиот хрватски тренер Александар Петровиќ, за местото во Токио ќе разигрува токму против домаќинот на турнирот – Хрватска.

Доста неизвесна ќе биде и групата која се игра во Викторија. На далечен пат за Канада ќе тргнат три силни европски селекции како Грција, Турција и Чешка, а друштво, освен Канада, ќе им прават уште и Кина, односно Уругвај.

Доста добра ждрепка има Србија. Како домаќини на турнирот во Белград, во првата фаза за противници ги имаат селекциите на Доминиканска Република и Нов Зеланд, додека во другата група се Порторико, Сенегал, и уште еден фаворит – Италија.

На собирот во Каунас, домаќинот Литванија не би требало да има проблеми во дуелите со Кореја и Венцуела, додека пак многу понеизвесно ќе биде во групата „Б“, во која се најдоа актуелниот европски шампион - Словенија, плус Полска и Ангола. 

Согласно со Пропозициите, само победниците на четирите турнири ќе обезбедат пласман на Игрите во Токио 2020 година. Турнирите ќе се одиграат во периодот од 23.-28. јуни идната календарска година.

 

ГРУПА БЕЛГРАД (СРБИЈА)

А: Доминиканска Република, Нов Зеланд, Србија

Б: Порторико, Италија, Сенегал

 

ГРУПА КАУНАС (ЛИТВАНИЈА)

А: Литванија, Кореја, Венецуела

Б: Полска, Словбенија, Ангола

 

ГРУПА СПЛИТ (ХРВАТСКА):

А: Германија, Русија, Мексико

Б:Тунис, Хрватска, Бразил

 

ГРУПА ВИКТОРИЈА (КАНАДА)

А: Грција, Кина, Канада

Б: Уругвај, Чешка, Турција

Распоредот на групите во женска конкуренција е следниот:

ГРУПА А

(БЕЛГРАД)

Нигерија, САД, Србија, Мозамбик

ГРУПА Б (БУРЖ)

Франција, Порторико, Бразил, Австралија

ГРУПА Ц (ФОШАН)

Кореја, Кина, В. Британија, Шпанија

ГРУПА Д (ОСТЕНДЕ)

Канада, Јапонија, Шведска, Белгија