За првпат во своето постоење, Кошаркарската Федерација на Северна Македонија ќе организира турнири во мини баскет лига, за генерации на играчи родени 2010/2011 и 2012 година и помлади.

Според предвидениот проект, за сезоната 2019/2020 е планирано одржување на  четири мини баскет турнири. Два од нив ќе се одржат во Скопје, а по еден во Источната односно Западната зона.

Инаку во поглед на организација на турнирите, организаторот предвидува натпреварите да се играат на три мини баскет терени, со мини баскет кошеви. Величината на топката за игра (баскет) –број 5 

Од КФСМ ги поставија и условите, односно правилата за игра. Истите велат дека ова натпреварување финансиски ќе биде комплетно покриено од страна на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, односно дека натпреварите се играат во четири четвртини кои траат по осум  минути, со семафор за мерење на време, без резултат, на лична грешка на шут, се шутира само едно слободно фрлање...

Има еден судија, со записничка маса за проверка на документација и водење на семафор, секоја од екипите настапува во сопствени дресови

Околу правилата за учество:

Еден клуб може да пријави најмногу четири екипи (по две во една генерација), како во машка и женска конкуренција, така и заедно мешани тимови (заедно (мажи и жени)

Сите заинтересирани клубови треба да достават пријавна листа на екипа најдоцна до 10. декември на меил mkkoffice2005@gmail.com, а четири дена подоцна, во Скопје, е закажан првиот турнир.

Задолжително е лекарско уверение и копија од пасош за секој играч – се доставува на записничка маса на денот на турнирот

Инаку, согласно со законските акти, претходно ќе биде доставен документ “согласност од родител/старател за користење на лични податоци на кошаркарите и кошаркарките” на секоја екипа, која родителите/старателите треба да ја потпишат и на денот на турнирот да се донесе на записничка маса. На крајот од секој од турнирите предвидено е секоја екипа учесник да добие: диплома за учество пехар, и медал за секој играч

Пријавувањето за учество на првиот турнир во Скопје е најдоцна до 29.ноември 2019 година.